Просторно-временски скали

Просторно-временските скали (простор-временските сразмери) даваат информација за карактеристичниот ред на големина на просторно-временските својства на однесувањето на системот. Минималната, физички значајна, просторна скала е од редот на големина од 10-35(1 со 35 нули однапред) метри. Навистина многу мала големина. На сличен начин, минималната временска скала е од редот на големина од 10-43 секунди. Од друга страна максималната видлива просторна протегнатост е од редот на големина од 1027 (1 проследен со 27 нули) метри, а моменталната временска рамка е од редот на големина од 1017 секунди. Тоа е просторно-временската рамка на видливиот Универзум. Постои навистина голем опсег помеѓу крајностите кои ние ги нарекуваме микро и макро просторно-временски скали. Човечките суштества со просторниот опсег од редот на големина од 1 метар и животен век од редот на големина од  109 (една милијарда) секунди (или десетици години) лежи помеѓу овие две крајности.

Најмалата големина на еден предмет којшто човечките суштества можат да го видат со голо око е 0.01 аголен степен (на растојание од 15 сантиметри) и е приближно 0.03 милиметри или 30 микрометри  (тоа е ширината на тенко човечко влакно од коса). Било кои два предмети помали од оваа големина нам ни изгледаат споени. Зборувајќи за временските својства на нашиот визуелен систем, временските интервали помеѓу два последователни визуелни стимулуси пократки од 0.04 секунди (40 милисекунди) нашиот визуелен перцептивен систем неможе да ги забележи како одвоени и ние ја перципираме визуелната информација како временски континуирана.

Роберт Христовски 28.07.2016

Превел: Марко Стевановски