Променливи на состојба

Било кој систем во природата има некакво множество на својства.  Променливите на состојбата се однесуваат на таквите својства и информираат за состојбата на системот за која се интересира надбљудувачот. Тие може да бидат: просторни позиции, насоки-ориентации или брзини и забрзувања на промената на некои својства (пр. анксиозна состојба на личноста, текот на мислите, позиција или насока на движење на телото или негова ориентација или нивните промени, респективно).

Може да бидат релациони променливи кои го покажуваат взаемниот однос помеѓу две или помеќе компоненти, на пример, интра-персонални, интра-атомски/интер-молекуларни, или интер-галактички растојанија. Исто така променливите на состојбата може да ги дефинираат колективни својства на голем број на компоненти (пр. просечната магнетизираност, густината или концентрацијата на честичките или животните или колективниот правец  на движење на играчите, јатото на птици или риби или молекулите во течноста). Колективните променливи имаат различни имиња во различни научни области. Во хемијата тие најчесто се нарекуваат реакциони координати. Во физиката се нарекуваат параметри на поредок, во психологијата, спортските науки и неврологијата се именуваат како координативни променливи.

Променливите на состојбата, како дескриптори на системот, вообичаено се анализираат во однос на нивната стабилност на следниве начини 1. Како тие се однесуваат кога се подложни на пертурбации ?  2. Како се однесуваат при промени на контекстот? Нивните својства на стабилност се од голема важност за утврдување и предвидување на можните квалитативни промени во системот (т.н. фазни премини). Нивните долготрајни состојби се нарекуваат атрактори или привлекувачи (состојби кои го привлекуваат однесувањето на системот кон нив и го задржуваат). Нестабилните состојби се нарекуваат одбивачи (положби кој го одбиваат системот од себе). Во близина на одбивачите системот може да се задржи исклучително кратко време.

Роберт Христовски 14.11.2016

Превел: Марко Стевановски