Флуктуации – Пертурбации

Сите системи манифестираат девијации во однос на нивната стабилна состојба. Генерално земено,ваквите девијации може да се создадени од надворешни/ влијанија од околината (пертурбации), или тие може да бидат внатрешни во системот (флуктуации). Понекогаш овие концепти се взаемно заменливи. Флуктуациите постојат на ниво на физичкиот вакуум, кај молекулите, биолошките структури, психолошките и социолошките процеси.

Пертурбациите/флуктуациите настојуваат да ја ослабат сврзаноста/врските кои го интегрираат системот и го одржуваат стабилен. Варијабилноста во однесувањето на секој систем, било тој да е физички, биолошки, психолошки или социјален, е последица на овие сеприсутни, најчесто случајни, влијанија. Доколку контекстот се менува полека и го води системот блиску до точка на транзиција/бифуркација односно точка на фазен премин, флуктуациите се засилуваат поради тоа што предходната јачина на меѓусебната сврзаност на компонентите што го сочинуваат системот почнува да слабее. Како последица на ова, негативната спрега, која ја осигурува стабилната состојба исто така слабее. Системот станува почувствителен на пертурбациите. Времето кое му е потребно на системот да се врати во стабилна состојба после одредена пертурбација се зголемува. Изгледа како да системот помалку се стреми кон стабилната состојба и бара промена. Ова однесување се нарекува критично успорување, затоа  што станува исклучително присутно и забележително блиску до критичната точка.

Како последица, со спорото менување на  контекстот, предходно поставениот поредок слабее и, за одредена критична состојба на контекстот, системот преку позитивна повратна спрега, создава гигантска флуктуација со која се воспоствува квалитативно нова подредена  состојба, односно нов поредок (или безредие). Кога контекстот е близу до критичната вредност, сосема мала пертурбација/флуктуација го води системот во нова стабилна состојба. Тој спонтано преминува во неа.

Состојбите на системот се репрезентираат со една или неколку таканаречени променливи на состојбата. Ваквите стабилни состојби кон кои се стреми системот се всушност нивните привлекувачи. Во оваа смисла пертурбациите/флуктуациите ја тестираат стабилноста на системот. Малите флуктуации се знак на високо стабилен систем, додека засилувањето на флуктуациите е знак за зголемената нестабилност на системот. Брзо враќање на стабилната состојба значи висок степен на стабилност и обратно.

Роберт Христовски 16.10.2015

Превел: Марко Стевановски